САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА НА ЗЛАТКО КРСТЕВСКИ „Terra Incognita“

САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА НА ЗЛАТКО КРСТЕВСКИ „Terra Incognita“

Утре, среда 5 февруари во 18.00 часот, во Ликовниот салон при НУЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп ќе биде отворена самостојна изложба на дела, слики масло на платно кои го опфаќаат перидот од 1990-2020 година, од ликовното творештво на Златко Крстевски.

Во неговите дела ќе видиме силна визуелна сугестија каде се испреплетуваат сонот и имагинарното, апстрактното и фигуративното, помеѓу чистиот израз и приказната за Terra Incognita. Самиот автор е инспириран од средновековното Византиско сликарство, при што ги користи плаветнилото и окерот како медитерански знак за изразување.

Крстевски завршил школа за применета уметност, отсек сликарство во Скопје и до сега организирал повеќе од дваесетина самостојни изложби. Покрај сликарството, Крстевски се изразува и преку современ стрип и сатиричен цртеж.

Прочитајте повеќе

Вебинар онлајн

Порано само читавме онлајн, сега животот го мигрираме онлајн

Правете бекап на дигиталните податоци, бидејќи ако чувате сè на лаптоп и ако случајно се …