СДММ го поддржува новиот концепт на комбиниран модел на примена на електронски и печатени учебници

СДММ го поддржува новиот концепт на комбиниран модел на примена на електронски и печатени учебници

Изјава за медиуми на Евгенија Јанакиеска од СДММ

Почитувани,

СДММ го поддржува новиот закон за учебници кој обезбедува квалитетна содржина за учење и комбиниран модел на примена на печатени и електронски материјали.

Со овој закон, ставаме крај на неквалитетните учебници кои уништуваа генерации ученици, учебници кои беа полни со дискриминаторски содржини, стереотипи, говор на омраза,кои ја зајакнуваа патријархалната улога на жената, ги туркаа на маргините на општеството веќе исклучените социјални групи, ја загреваа меѓуетничката омраза и ја претставуваа власта како доминантна и моќна поставена НАСПРОТИ граѓанинот како мал и ситен.

Учебниците имаа безброј печатни, логички, граматички грешки, беа полни со, невистини, манипулативни содржини. Ваквото образование ги рангираше македонските ученици на дното на меѓународните тестирања.

Со новиот закон, ги следиме современите образовни трендови, правиме промени за да држиме чекор со сите европски земји, кои забрзано ги дигитализираат своите општества.

За првпат имаме закон во којшто јасно се наведува дека за учениците кои се од социјално ранливите семејства, како и за учениците со попреченост училиштето е должно да пристап до електронски уреди и помошна технологија. За првпат имаме закон којшто обезбедува учебници на Брајово писмо за учениците со оштетен вид.

Новата концепција за основно образование ќе ги изгради децата во личности кои се образовани, функционално писмени и кои нема да имаат огромни јазови во знаењата со своите врсници од развиените земји, напротив ваквиот образовен систем ќе им овозможи висока квалификација на пазарот на трудот, дома, во регионот и во Европа.

Прочитајте повеќе

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Филипче до Николоски: Обиди се да сработиш нешто корисно за луѓето

Откако Александар Николоски го обвини Венко Филипче дека ја злоупотребува професијата лекар, Филипче му порача …