СДСМ и коалицијата го презедоа мнозинството во Советот на Македонски Брод

СДСМ и коалицијата го презедоа мнозинството во Советот на Македонски Брод

СДСМ со партиите од коалицијата, меѓу кои ЛДП и независните советници, го презеде мнозинството во Советот на општина Македонски Брод.

Во тој контекст, во соопштението на СДСМ се вели:

„Коалицијата на ДПМНЕ и Левица од денеска се во опозицијата во Советот на општина Македонски Брод.

Изминаа две години од локалните избори но за жал советот досега беше нефункционален. Сега тоа ќе се промени.

На седницата на Советот, за нов претседател е избрана Дијана Јованоска, од редовите на СДСМ.

Новото мнозинство во Советот на општина Македонски Брод предводено од СДСМ ќе работи одговорно, во интерес на сите граѓани и конструктивно, ќе биде отворена за соработка со градоначалникот.

Очекуваме граѓаните брзо да го почувствуваат бенефитите од работата Советот со новото мнозинство предводено од СДСМ“.

Прочитајте повеќе

„Кошничките“ на власта донесоа поголема скапотија за граѓаните

„Кошничките“ на власта донесоа поголема скапотија за граѓаните

Соопштение за јавност на СДСМ Политиките на власта на Мицкоски и ДПМНЕ со така наречени …