СДСМ

СДСМ: „Јагео“ е најголема странска инвестиција од независноста, 205 милиони евра и 4.000 нови работни места

Соопштение за јавност на СДСМ

Економските политики на Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски даваат реални и видливи резултати.

Денес, и во време на светска економска криза, македонската економија е стабилна, развојна и конкурентна.

Потврда за тоа е последната инвестиција во државава – инвестицијата на тајванската компанија „Јагео“ која ќе инвестира 205 милиони евра во нови фабрики и ќе вработи 4.000 лица во ТИР зоните во Скопје и Штип.

Со ова, инвестицијата на Јагео станува најголемата странска директна инвестиција во независноста на државата.

Ова е уште една потврда за успешноста на мерките и политиките на Владата предводена од СДСМ, потврда дека македонската економија е препознаена како атрактивна за реномираните и високотехнолошки компании во светот.

СДСМ продолжува да реализира мерки и политики што обезбедуваат економски раст и подобар животен стандард за сите граѓани.

Прочитајте повеќе

Годинава изгореле 85.000 хектари, од кои се претпоставува дека близу 8.000 се шуми

Годинава изгореле 85.000 хектари, од кои се претпоставува дека близу 8.000 се шуми

Годинава голем број шумски пожари повеќепати излегоа од контрола низ целата земја, а како одговор …