СДСМ: Каде се парите на скопјани треба да каже ВМРО-ДПМНЕ која ги има сите управни одбори

СДСМ: Каде се парите на скопјани треба да каже ВМРО-ДПМНЕ која ги има сите управни одбори

Соопштение за јавност на СДСМ

Советот на Град Скопје кон крајот на минатата година за оваа 2023 година изгласа буџет од 700 милиони денари или над 100 милиони евра.

Денес, неколку месеци подоцна, Град Скопје за првпат во историјата е со блокирана сметка и му се заканува банкрот.

Каде се потрошија парите на скопјани треба да каже ВМРО-ДПМНЕ, затоа што таа партија ги има сите управни и надзорни одбори во претпријатијата и установите, таа партија го има мнозинството во Советот.

Ситуацијата во речиси сите скопски јавни претпријатија и установи е катастрофална, а директна одговорност за тоа имаат ВМРО-ДПМНЕ и кадрите на шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски

Над 100 милиони евра се потрошија, а граѓаните не видоа реализација на ниту еден капитален проект.

Дури и наследените проекти како мостовите на булеварот АСНОМ и улицата Љубљанска, реконструкцијата на Универзална сала, клучката кај Момин поток, стојат нечепнати повеќе од една и пол година.

Потрошен буџет и нереализирани проекти, ете што значи кога ВМРО-ДПМНЕ ќе добие шанса да раководи со народните пари.

Прочитајте повеќе

Партијата на Александар Вулин во Србија поднесе предлог закон за странски агенти

Партијата на Александар Вулин во Србија поднесе предлог закон за странски агенти

Пратениците на владејачкото Движење на социјалистите на Александар Вулин, кои се дел од широката коалиција …