СДСМ: Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ да поднесат оставки, потребна е професионализација на Агенцијата и МРТ

СДСМ: Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ да поднесат оставки, потребна е професионализација на Агенцијата и МРТ

Прес конференција на Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ:

Трета години по ред, Република Северна Македонија бележи напредок во слободата на медиумите во извештајот на Репортери без граници.

Спроведените реформи, демократското владеење, почитувањето на човековите права и слободи, придонесоа за напредок на нашата држава во однос на слободата на медиумите.

Денес, за разлика од 2016 година и владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, имаме подобрување од 19 места на листата на Репортери без граници.

Но на ова поле, пред нас се уште има предизвици и затоа треба да се продолжи со реформите и со постојано унапредување на медиумските слободи.

Во извештајите на Репортери без граници како проблем редовно се издвојуваат работењето на Националниот јавен сервис, кој според оваа организација, се уште е под контрола и во функција на ВМРО-ДПМНЕ.

Потреба од подобрување на независноста на јавниот сервис беше нотирана и во извештајот на Европската комисија за напредокот на нашата земја.

Затоа е важно оваа институција да се професионализира и да се департизира.

Почитувани,

Јасно е зошто ВМРО-ДПМНЕ, со месеци свесно го кочеше  изборот на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и изборот на членови на Програмскиот совет на МРТ.

ВМРО-ДПМНЕ е против реформите во медиумите, против силни незавинси и професионални институции.

За да се надмине ова, кадрите на ВМРО-ДПМНЕ треба веднаш да дадат неотповикливи оставки од своите позиции како членови на Советот на АВМУ и Програмскиот совет на МРТ.

Потребно да се изврши избор согласно новите законски одредби, што ќе значи департизирање и професионализирање и на Советот на АВМУ и на Програмскиот совет на МРТ.

Професионализацијата на Агенцијата и МРТ е од особено значење за реформата на медиумите и унапредување на демократските вредности во државата.

Без разлика дали тоа му се допаѓа или не на ВМРО-ДПМНЕ, реформите мора да продолжат во интерес и на државата, на граѓаните, но и на медиумите.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

„Враќање на ВМРО ДПМНЕ на власт значи режим во најава, сигурна блокада на Македонија и …