СДСМ: Лаги на Стојановска и кулминација на нервозата во ДПМНЕ со блокада на пратеничките прашања

СДСМ: Лаги на Стојановска и кулминација на нервозата во ДПМНЕ со блокада на пратеничките прашања

Прес- конференција на Лолита Ристова, пратеничка на СДСМ

Денешните случувања се само потврда за разединетоста на пратеничката група на ДПМНЕ. Во овој мандат видовме многу блокади, но денеска за прв пат од независноста видовме блокада на пратеничките прашања.

Лагите на пратеничката Стојаноска се спротивни на вредностите и заложбите на сите коишто се бориме за родова еднаквост.

Недозволиво е да се злоупотребува и блокира собраниската говорница за изнесување лаги, тоа граѓаните не го заслужуваат.

Секојдневно ги слушаме лагите и непристојните изрази на колешката Дафина Стојаноска кажани од собраниската говорница.

Ваквото однесување на пратеничката која не штеди отровни зборови се спротивни на демократските вредностите во овој законодавен дом.

Маричиќ бил и е борец за родова еднаквост, промотор на рамноправноста и силен поддржувач на македонските прогресивни и демократски политики. Сосема е јасно дека денешните случувања во Собранието ја потврдуваат нервозата во пратеничката група на ДПМНЕ

Прочитајте повеќе

Димитријевиќ: : ДПМНЕ и ЗНАМ сами да си ја гласаат предавничката Резолуција

Димитријевиќ: : ДПМНЕ и ЗНАМ сами да си ја гласаат предавничката Резолуција

„СДСМ нема да биде соучесник во ова национално предавство, мигранти за пари. Нека си ја …