Општина Прилеп

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваат граѓаните на Прилеп

Соопштение за јавност на СДСМ

Наместо проекти и решенија за развој, градоначалниците и советничките групи од ВМРО-ДПМНЕ ги задолжуваат општините и трупаат нови долгови за граѓаните.

Локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во општина Прилеп се подготвува да издаде обврзница, во вредност од милиони евра за изградба на кружен тек, откако удри по џебот на граѓаните, со покачување на цените на комуналните услуги, водата и паркингот.

Претходно градоначалникот на Гази Баба ја задолжува општината со обврзница од пет милионои евра, а неговиот пример го следеше општина Бутел, со обврзница од два милиони евра.

Постапка за издавање обврзница спроведе и општина Аеродром, а обид имаше и општина Штип.

Гевгелија, Охрид, Битола, Штип и Радовиш се дел од општините предводени од ВМРО-ДПМНЕ кои драстично ги зголемија цените на комуналните услуги.

Прекинати проекти, партизација, задолжување на општините и долгови за граѓаните, се одлика на работењето на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ.

Локалната власт предводена од шпицниот градоначалник Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се покажа како најнеспособна во историјата на државата.

Прочитајте повеќе

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

Сенатот ја одобри долгоочекуваната воена помош за Украина

По повеќемесечни одлагања, и Сенатот на САД го одобри пакетот помош за Украина од 61 …