Соопштение за јавност на СДСМ
Не е точно дека имаме највисока стапка на инфлација, очајната ВМРО-ДПМНЕ, соочена со криминални скандали за Белиот дворец намерно пласира невистини.
Последен е примерот на Маја Кадиевска Војновиќ од ВМРО-ДПМНЕ која паушално, со нецелосни подароци, крајно неодоговрно и несериозно изнесе невистина дека сме на врвот по стапката на инфлација.
Доколку се погледнат податоците објавени на официјалната страна на еуростат за месец април, 2022 година, може да се забележи дека истите прикажуваат стапки на инфлација заклучно со месец април, но за многу повеќе земји споредено со податоците прикажани од истиот извор, за месец мај.
Податоци за стапката на инфлација за месец мај сеуште не се објавени за Бугарија, Чешка, Данска, Хрватска, Унгарија, Полска, Романија, Шведска, Исланд, Норвешка и Швајцарија.
Оттука, прво не може без овие податоци, односно со нецелосна слика да се тврди нешто, второ и во објавените податови Северна Македонија има пониска инфлација од многу земји.
Како на пример Белгија, Франција, Германија и сите земји на листата за месец мај (со исклучок на Холандија) прикажуваат растечки тренд на стапката на инфлација споредено мај/април.
Факт е дека со растечките стапки на инфлација се соочуваат земјите на глобално ниво, вклучувајќи ја и нашата земја. Причините за тоа се глобални и самиот Евростат ги објавува овие глобални причини а на прво место причина за тоа е енергијата, односно кризата со енергенси и нивната цена.
Ширење невисини, од типот „највисока стапка на инфлација има Република Северна Македонија „е свесна лага од ВМРО-ДПММЕ чија цел освен манипулација нема друго.
Во време на криза, ВМРО-ДПМНЕ освен што блокира Собрание и шири невистини, со што директно наштетува на граѓаните.