мицкоски

СДСМ: Невистини на Мицкоски, ДПМНЕ го поклони Тиквеш а СДСМ бара прво реализација на Чебрен

Соопштение за јавност на СДСМ

Христијан Мицкоски или нема познавање или свесно кажува невистини за Чебрен.

Не е точно дека е избришан член во Одлуката за започнување на постапка за доделување на концеција. Вистината е дека Во членот 5 од Одлуката за изменување, избришан е само ставот 3, каде што се доделува Тиквеш 3 месеци по добивање на одобрението.

Но останува ставот 2 како правен основ. Оттука, она што го говори Мицкоски веднаш паѓа во вода.

Затоа, скандал е тоа што Владата на Никола Груевски и ДПМНЕ во 2013 година го доделила Тиквеш на приватниот инвеститор токму 3 месеци по добивање на одобрението за градба на ХЕЦ Чебрен.

Додека СДСМ, токму со таа интервенција го внесува Тиквеш во заедничка компанија 3 месеци по пуштање во работа на ХЕЦ Чебрен.
Тоа е суштинска и огромна разлика.

На овој начин Владата на СДСМ заштедува 100 милиони евра, пари на граѓаните.

Односно, токму Владата на ДПМНЕ и Никола Груевски, на кого Мицкоски му беше советник за енергетика, 100 милиони евра сакала да му поклони на приватниот инвеститор.

Тоа е директно на штета на државниот интерес и на интересот на граѓаните која што СДСМ ја има спречено.

Добро е што Мицкоски индиректно го признава ова, но очекуваме да се извини на граѓаните и да ја каже вистината таква каква што реално е.
Впрочем за сето ова постојат докази и документи кои ги доставуваме во прилог на оваа реакција.

ДПМНЕ 11 пати објавуваше тендери за Чебрен за реализација и не успеа. СДСМ направи успешна постапка со што овој огромен и значаен проект вреден преку 1 милијарда евра ќе се реализира а ЕСМ ќе биде сопственик од 33% со што парите за инвестицијата треба да ги обезбеди во целост приватниот партнер.

 

СДСМ: Невистини на Мицкоски, ДПМНЕ го поклони Тиквеш а СДСМ бара прво реализација на Чебрен

СДСМ: Невистини на Мицкоски, ДПМНЕ го поклони Тиквеш а СДСМ бара прво реализација на ЧебренСДСМ: Невистини на Мицкоски, ДПМНЕ го поклони Тиквеш а СДСМ бара прво реализација на ЧебренСДСМ: Невистини на Мицкоски, ДПМНЕ го поклони Тиквеш а СДСМ бара прво реализација на ЧебренСДСМ: Невистини на Мицкоски, ДПМНЕ го поклони Тиквеш а СДСМ бара прво реализација на ЧебренСДСМ: Невистини на Мицкоски, ДПМНЕ го поклони Тиквеш а СДСМ бара прво реализација на Чебрен

Прочитајте повеќе

УКИМ

Студентското пленумско движење повикува на мирен собир на платото на УКИМ

„Во сабота се навршуваат 40 дена од злосторството во Кочани. Огнот и отровниот чад во …