СДСМ

СДСМ: Нов случај на криминал за Скопје 2014, поврзан со најкриминалната партија ВМРО-ДПМНЕ

Соопштение за јавност на СДСМ

Обвинителството отвори истрага за нов случај на криминал во Скопје 2014 односно со фасадата на Владата, повторно поврзан со најкриминалната партија ВМРО-ДПМНЕ и нивни поранешни функционери.

Како што е јавно објавено, приватна компанија со амин на тогашниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата и близок соработник на Никола Груевски изгризувајќи го тендерот за реконструкција на објектот на Владата, остварил материјална корист од близу осум милиони евра.

Тоа е истиот Никола Груевски на кој Христијан Мицкоски му бил советник а потоа и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Покрај тоа што направил измама и го оштетиле државниот буџет, управителот на фирмата, како што се наведува, прибавил 144.000 евра кои според информациите во јавноста биле за ВМРО-ДПМНЕ.

Истото лице купил три недвижни имоти и по далеку пониска цена им ги продавал на ВМРО-ДПМНЕ. Сето тоа во договор со раководството на партијата.

Гази Баба, Центар Жупа и Крушево каде што ВМРО-ДПМНЕ се стекнала со недвижен имот за „џабал’к“.

Сето ова се случувало режимот беше во своите најсилни години, кога законите не важеа за лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ кога луѓе од белиот дворец и нивни блиски се богатеа преку ноќ додека граѓаните тонеа во сиромаштија.

Бројни случаи меѓу кој и последниот потврдуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е најкриминалната партија во Европа.

Прочитајте повеќе

Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме (Видео)

Ковачевски: Oва е последниот повик за Европа, ние не се откажуваме (Видео)

Со испраќање на порака за здружување на силите на патот кон Европската Унија, Социјалдемократскиот Сојуз …