СДСМ

СДСМ: Нова утка на ВМРО-ДПМНЕ, Заев на терен, Мицкоски држи параполитички прес конференции

Соопштение за јавност на СДСМ, реакција на прес-конференцијата на Христијан Мицкоски

Нова утка на ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Заев е на терен, со граѓаните, со пожарникарите, со војниците, полицајците, доброволците а Мицкоски држи параполитички прес конференции.

Срамота, со монтажи на скапи лед екрани од климатизираниот Медија центар во прескапиот бел дворец.

На ист начин како што се однесуваше за време на ковид кризата, со лажни обвинувања и измислици дека јавното здравство не функционира, дека нема тестови, нема лекови сега Мицкоски повторно со неосновани и лажни обивнувања ги омаловажува напорите на институциите кои се справуваат со пожарите.

Нема ништо искрено ниту чесно кај Мицкоски, тој е класичен политички пироман кој сака да профитира од пожарите, но не му успева.

Затоа, ако од нешто треба да биде згрозен Мицкоски и да има чувство на гадење тоа е неговото неодговорно, несериозно и политичко-пироманско однесување.

Државата е тука за граѓаните, системот функицонира, сите надлежни институции, на централно и локално ниво се активни за справување со пожарите, и заедно ќе успееме.

Некрофилните и пиромански политики на Мицкоски повторно ќе бидат казнети од граѓаните.

Прочитајте повеќе

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Постизборни коалиции причина за кавга меѓу политичките партии

Кој ќе формира нова Влада по парламентарните избори 8 мај, беше главното прашање по кое …