пожар

Хеликоптерите веќе нема да мора да се враќаат во Скопје, ќе полнат гориво во близина на пожарите

Хеликоптерите кои учествуваат во гасењето на пожарите во Малешевијата веќе нема да се враќаат во Скопје по гориво, туку полнат на импровизиран хелиодром во близина на Берово, каде што слетуваат хеликоптерите, полнат гориво, а од акумулациите во близина полнат вода и веднаш може да се вратат на терен, информира денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

„Тоа многу го скрати и ќе го крати времето за интервенција и им овозможува на сите овие хеликоптери да реагираат по неколку пати без да се враќаат назад во Петровец“, изјави Шекеринска.

Командантот на Воздухопловниот ВИНГ, полковникот Стојко Пејовски порача дека со ова поставување се скратува времето на дејствување од скопскиот аеродром, воздухопловите остануваат блиску до теренот и циклусите на земање на вода и доведување на водата до опожарените подрачја драстично се скратуваат.

Извор: Радио Слободна Европа

Прочитајте повеќе

Протестен марш во Кочани: „Зошто ги пуштивте убијците на нашите деца?“

Протестен марш во Кочани: „Зошто ги пуштивте убијците на нашите деца?“

Семејствата на загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“ со болни сведоштва и пораки за правда …