СДСМ: Поради ДПМНЕ и Рашела Мизрахи пропадна работата на комисија за случајот со Онкологија

СДСМ: Поради ДПМНЕ и Рашела Мизрахи пропадна работата на комисија за случајот со Онкологија

Прес-конференција на Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ

Почитувани,

Со оглед на фактот што денеска е последен ден од работата на Анкетната комисија сеуште немаме закажано продолжение станува јасно дека ДПМНЕ и пратеничката Рашела Мизрахи свесно и тенденциозно ја злоупотребија Анкетната комисија за случајот со Онкологија.

Два месеци ДПМНЕ ја злоупотребува работата на комисијата а со тоа ги злоупотребуваше пациентите, граѓаните и македонското собрание.

Се викаа сведоци, се трошеа пари на граѓаните, се сееше лаги и на крај, ДПМНЕ побегна од комисијата, со денови не се свикува седница.

Се потврдува она што се сомневавме уште од почеток, дека намерата на ДПМНЕ е да ја опструира истрагата на надлежните институции и да ја злоупотребува во политички цели.

Најпрво Антонио Милошоски беше фатен од страна на пратениците на СДСМ како се обидува со невистини да претстави дека владата сакала да уништи доказен материјал.

Кога се виде дека не станува збор за доказен материјал туку за уништување на стари кревети Милошоски се извинуваше.

Оваа недела бевме сведоци како ДПМНЕ ја злоупотребија комисијата за Онкологија сакајќи своите партиски заклучоци, пишувани во Белата палата да ги претстават како заклучоци на Комисијата.

После овој преседан за кој реагиравме и како народни избраници се спротивставивме на сите злоупотреби, цела недела ДПМНЕ бегаат, седници нема, не се закажуваат.

Ваков скандалозен однос не заслужуваат граѓаните, македонското Собрание, пациентите од Онкологија.

Јавноста гледа дека на ДПМНЕ воопшто не им била важна вистината, не биле важни пациентите, немале намера воопшто нешто да преземат.

Пратениците и членови на Комисијата имаат обврска пред граѓаните, пред пациентите да донесат соодветни заклучоци и да ја информираат јавноста.

Прочитајте повеќе

Преживување со „застрашувачката“ храна во руските затвори

Преживување со „застрашувачката“ храна во руските затвори

Марија мислеше дека знае многу за животот кога, на 35-годишна возраст, беше затворена во Москва. …