Апасиев Крмов

СДСМ: Пратениците од коалицискиот партнер на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, Левица, против Декларацијата за Украина

Соопштение за јавност на СДСМ

Пратениците од коалицискиот партнер на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, Левица, гласаа против Декларацијата за Украина во македонското Собрание.

Левица ја поддржува Русија во агресијата врз Украина.

Коалицискиот партнер на Мицкоски, Димитар Апасиев веќе ги користи зборовите на Путин, а пратеникот Крмов ги нараче Украинците неонацисти.

Да се поддржува воена агресија врз суверена држава е недозволиво, тоа е кршење на меѓународното право и суверенитетот на Украина.

Левица е коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, но и на локално ниво во многу општини.

Кој е ставот на Христијан Мицкоски за поддржувањето на воената агресија на Русија врз Украина од страна на неговиот партнер Левица?

Прочитајте повеќе

Битиќи: Во среда да гласаме и да избереме заедништво и соживот

Битиќи: Во среда да гласаме и да избереме заедништво и соживот

„Ви се обраќам со длабоко чувство за важноста на двојните избори во среда. Државата ни …