ожарот во нуклеарната централа Запорожје

Пожарот во нуклеарната централа Запорожје е изгаснат, Зеленски обвинува за „нуклеарен тероризам“

Русија, според украински наводи, ја нападна најголемата европска нуклеарна централа и предизвика пожар во неа. Според последните информации, пожарот е изгаснат.

Пожарот во нуклеарната централа во Запорожје, во Украина, избил по руски напад, во зграда која се користела за обука. Реакторите не биле погодени, соопштено е од украинска страна. Пожарникарите тврдат дека руските трупи прво не ги пуштале да го гаснат пожарот. Тоа, како што се вели, им било дозволено дури по неколку часа.

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека според наводи на украинската влада во близина на нуклеарната централа не е измерена зголемена радиоактивност. Персоналот во централата презел „мерки на минимизирање на ризикот“. Американската министерка за енергија Џенифер Гренхолм на Твитер напиша дека реакторите во нуклеарната централа биле „безбедно исклучени“.

Ukraine Atomkraftwerk Saporischschja unter BeschussСлика од надзорна камера која прикажува пламен во нуклеарната централа во Запорожје

Зеленски обвинува за „нуклеарен тероризам“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски реагираше со видео порака во која вели дека ниту една друга земја на светот никогаш досега не гаѓала нуклеарна централа. „Терористичката држава сега се префрла на нуклеарен терор“, изјави тој бесно, додавајќи дека било очигледно оти Русија сака да ја „повтори“ нуклеарната катастрофа од Чернобил. „Ако се случи експлозија, тогаш е тоа крај на сѐ, крај на Европа“, предупреди Зеленски.

Украинскиот претседател ја обвини руската армија дека целно ја гаѓала централата: „Тоа се тенкови опремени со термографски камери (наречени и инфрацрвени камери, н.з.), што значи дека знаат каде гаѓаат.“

Der ukrainische Präsident Wolodymyr Selenskyj gibt eine Erklärung abЗеленски ја обвини руската амрија дека целно ја гаѓала атомската централа

Минатата недела имаше борби во околината на реакторите во Чернобил, каде во 1986 година се случи најголемата нуклеарна несреќа во историјата. Руините на централата сега се контролирани од страна на руски трупи.

– повеќе: Ширеф: „Путин е тешко вооружен, изолиран и ирационален човек“

Се бара поддршка од НАТО

Украинскиот министер за енергија Херман Халунченко побара вклучување на НАТО. Со оглед на нападот врз нуклеарната централа се бара „не само професионална проценка на настаните, туку и вистинско вклучување со најостри мерки, меѓу другото и од НАТО и земјите кои поседуваат атомско оружје“, напиша Халунченко на Фејсбук.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

ДКСК ќе бара одговорност за случајот со Академијата на судии и обвинители

ДКСК ќе бара одговорност за случајот со Академијата на судии и обвинители

Одлуката на Вишиот управен суд која во неколку наврати заврши во корист на ДКСК не …