Втора рунда преговори меѓу Русија и Украина

Втора рунда преговори меѓу Русија и Украина: постигнат договор за хуманитарните коридори

Русија и Украина се договорија да создадат хуманитарни коридори во областите на Украина каде што се водат особено тешки борби. Ова го соопштија по завршувањето на втората рунда преговори. Следува трета рунда.

Втората рунда преговори меѓу Русија и Украина се одржа во западна Белорусија. Русија и Украина се договорија да создадат хуманитарни коридори во областите на Украина каде што се водат особено тешки борби. Ова го порачаа претставниците на двете страни по завршувањето на втората рунда преговори.

Лидерот на руската делегација, Владимир Медински, зборуваше за „можниот привремен прекин на непријателствата“ во соодветните области за време на евакуацијата. Подољак рече дека треба да се користат и „хуманитарни коридори“ за снабдување на населението со храна и лекови.

 Russland Frankreich Putin und MacronПутин и Макрон разговараа за Украина

Сеопфатен прекин на огнот очигледно не е планиран. Тоа значи дека не секаде, но на местата каде што ќе ги има овие хуманитарни коридори, може да има прекин на огнот додека трае оваа операција.

Не е јасно за кои области станува збор. Моментално се водат жестоки борби во неколку региони, а најжестоки борби се забележани северозападно од главниот град Киев, во близина на Харков на исток и пристаништето Мариупол во јужна Украина.

Советникот на претседателот на Украина, Михаил Подољак, истакна дека не е постигнат договор за некои прашања, иако Украинците тоа го очекувале и дека тој е незадоволен:

„На наше големо жалење, не ги постигнавме резултатите на кои се надевавме“, рече тој. „Се договоривме да ги продолжиме преговорите во многу блиска иднина“.

Во пресрет на преговорите, Подољак на Твитер напиша дека покрај прашањето за прекинот на огнот, оваа втора рунда преговори се однесува на воспоставување хуманитарни коридори. Вакви коридори бара и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

„На хуманитарните конвои им треба безбеден премин, на цивилите мора да им се дозволи безбедно да ги напуштат опколените градови“, напиша фон дер Лајен на Твитер за време на посетата на Словачка. „Русија мора да им дозволи на нашите хуманитарни партнери да донесат помош во воената зона“.

Во телефонски разговор со францускиот претседател Емануел Макрон, попладнево пред преговорите, рускиот претседател Владимир Путин ги повторил своите барања: демилитаризација на Украина и нејзин неутрален статус.

Во исто време, Путин се закани со нови барања. Секој обид на Украина да ги одолговлекува преговорите ќе доведе до тоа Русија да поставува повеќе барања, рече Путин.

Делегациите во ист состав 

Двете страни претходно ја потврдија подготвеноста за нова средба. Белоруската државна телевизија прикажа снимка на која претставници на Украина и Русија се ракуваат и седат на маса. Руските претставници во одела, Украинци во војнички џемпери во маслинесто зелена боја.

Belarus | Gespräche zwischen Russland und der UkraineВтора рунда разговори меѓу Русија и Украина

Владата во Киев пред почетокот на втората рунда преговори нагласи дека нема да прифати никакви „ултиматуми“ од Москва. Пред почетокот на преговорите и двете делегации најавија дека ќе преговараат во истиот состав како и при првите преговори.

-повеќе на темата: Русија и Украина преговараат – кој што бара?

Руската делегација ја предводи Владимир Медински, советник на претседателот Путин. Во делегацијата од Москва беа и заменик министерот за надворешни работи Андреј Руденко, заменик министерот за одбрана Александар Фомин, рускиот пратеник во преговорите на таканаречената Контакт група Борис Гризлов и познатиот политичар Леонид Слуцки.

Belarus Verhandlungen zwischen Russland und Ukraine in der Region GomelПрвата средба се одржа на 28 февруари

Украинската делегација ја предводи Дејвид Арахами, шефот на владејачката партија на Владимир Зеленски. Во делегацијата беа и министерот за одбрана Алексеј Резников, советникот на претседателот Михаил Подољак, заменик-шефот на украинската делегација во Трилатералната контакт група (Минсккрам) Андриј Костин, пратеникот Рустем Умеров и заменик министерот за надворешни работи Никола Точицки.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Одложено судењето на Трамп за тајните документи

Одложено судењето на Трамп за тајните документи

Додека за Трамп на судењето во случајот со порно ѕвездата Сторми Даниелс станува сѐ понепријатно, …