СДСМ: Прекинот на наставата е на штета на децата, СОНК да се врати на дијалогот

СДСМ: Прекинот на наставата е на штета на децата, СОНК да се врати на дијалогот

Соопштение за јавност на СДСМ

Дијалогот е единствен начин да се дојде до решенија, без било какви уцени. Сосема разбирлива е потребата од достоинствено вреднување на трудот на секој работник, секако и на наставниците.

Правото на штрајк е уставно загарантирано право, но исто така уставно загарантирано е и правото на образование.

Апелираме СОНК да се врати на дијалогот, да продолжат разговорите, наставниците да се водат од најдобрите интереси на учениците.

Да не се дозволи штрајкот да влијае на прекин на наставата или на продолжување на учебната година.

Прекин на наставата ќе резултира со работни саботи или пролонгирање на учебната година и пократок летен распуст затоа што наставната програма мора да биде целосно реализирана.

Ова негативно ќе се одрази и на уписите, полагањето на државната матура, но и полагањето на стручен испит за околу петстотини наставници.

Тоа е на штета на воспитно-образовниот процес, на учениците, на матурантите.

Токму затоа и УНИЦЕФ предупреди дека децата не можат да си дозволат прекин во наставата.

Прочитајте повеќе

Битиќи: Кренете ги главите - СДСМ е храбра и уште поодлучна за европската иднина на Македонија

Битиќи: Кренете ги главите – СДСМ е храбра и уште поодлучна за европската иднина на Македонија

„Граѓаните ни испратија порака, ги слушнавме. Ја прифаќаме одговорноста. А денес е нов ден – …