СДСМ Прилеп: Инвестициите на Министерството за образование во прилепските училишта на историски највисоко ниво

Носител на прес-конференција: Кети Стевананџија

Почитувани,

Инвестирањето во современа образовна инфраструктура и, генерално, во образованието, е инвестирање во иднината на државата.

Инвестициите на Владата, Министерството за образование и наука и на претходната локална власт на СДСМ во реконструкција и набавка на информатичка технологија, инвентар за кабинети и за друга опрема за прилепските основни и средни училишта, беа поголеми од било кога претходно.

Со реконструктивни зафати беа опфатени буквално сите училишта во општина Прилеп. Покрај огромната помош на Владата и МОН, треба да се истакне и одличната соработка со повеќе странски институции, кои имаа значаен удел во финансирање на проектите изработени од страна на училиштата.

Опремување и адаптација на предметни кабинети, уредување на работилници за изведување на практичната настава, поставување нова дограма, санација на ѕидови и електрична мрежа, промена на подови и термоизолациони фасади, реконструција на тоалети, дренажа, молерисување на објектите, се дел од реализираните активности за подобрување на условите за изведување и следење на наставата. Во некои од нив вчера можеше да се увери и градоначалникот Борче Јовчески.

Добро е што Јовчески се сети дека во Прилеп и населените места постојат училишта и дека утре започнува новата учебна година. Ќе беше уште подобро ако покажеше доблест и при набројувањето на реализираните проекти признаеше дека тие се дело на претходните директори, во огромен процент финансирани со средства од МОН.

Го охрабруваме градоначалникот да ги посети сите основни и средни училишта во општина Прилеп, за да знае кој пат треба да го следи кога се во прашање инвестициите во образованието.

Кети Стевананџија
Носител на прес-конференција: Кети Стевананџија

Да го види комплетно променетиот лик на Гимназијата „Мирче Ацев“, во која како никогаш порано, за само 3 години беа инвестирани еден милион евра.

Да ја види новата училишна сала во ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“, изградена со пари од Министерството за образование во висина од 400.000 евра, како и реконструкцијата  на фасадата и промената на внатрешната столарија во СОУ Орде Чопела, исто така инвестиција од МОН од скоро 200000 евра.

Нека го посети и ООУ,,Блаже Конески,,каде е извршена санација и промена на електрично осветлување,  реконструкција и промена на подови во училниците и  изградба на термоизолациона фасада со средства во висина од 190000 евра обезбедени од МОН.

Да дојде и овде, во СОУ „Ѓорче Петров“, во едно од најубавите училишта во Прилеп и поширокиот регион, кое е од темел реновирано со средства на МОН од околу 200.000 евра.

На крајот, она што градоначалникот Борче Јовчески треба да го има предвид, е дека при обиколката на основните училишта, на учениците до четврто одделение и на нивните родители ќе треба да им објасни зошто го нема ветениот бесплатен оброк, а на учениците од социјално загрозените семејства да им одговори што се случи со бесплатните училишни униформи.

Драги ученици, почитувани наставници, ви посакуваме среќен почеток на новата учебна година!

Прочитајте повеќе

Битиќи: Соживотот и солидарноста се основи на прогресот на нашето општество

Битиќи: Соживотот и солидарноста се основи на прогресот на нашето општество

„СДСМ од секогаш  била предводник на визионерство, државништво и прогресивност, секогаш со поглед кон иднината, …