Во рамки на „Отворен Балкан“ од утре почнува Меѓународниот саем за вино, храна и туризам во Белград

Во рамки на „Отворен Балкан“ од утре почнува Меѓународниот саем за вино, храна и туризам во Белград

Портпаролите на Владата на Република Северна Македонија, Душко Арсовски и Муамет Хоџа, на денешната прес-конференција, која ја одржаа со министерот за образование и наука Јетон Шаќири, информираа за точките и заклучоците од вчерашната 75-та седница.

Портпаролите го најавија Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“, кој ќе се одржи во Белград, од утре, 1-ви септември до недела, 4 септември, кој е дел од иницијативата „Отворен Балкан“ и е под покровителство на владите на Северна Македонија, Србија и Албанија, а како дел од иницијативата „Отворен Балкан“.

Учеството на Северна Македонија на настанот за нашата економија значи обезбедување поголем извоз, откуп и нови пласмани и пазари за македонските храна и вина. Истовремено ќе се промовираат туристичките капацитети на земјава и ќе се привлечат нови туристи од регионот и пошироко.

Северна Македонија ќе биде претставена преку 42 винарии и 3 дестилерии , како и 10-тина производители на храна со понуда за дегустација на автентичната македонска кујна.

Дополнително, Северна Македонија ќе биде претставена и на „Македонска вечер“ под покровителство на премиерот Димитар Ковачевски, на која ќе бидат промовирана македонската економија преку презентација на вина, храна, музика и туризам.

Во политичкиот дел ќе се одржи традиционалниот Самит на лидерите од трите држави на иницијативата „Отворен Балкан“, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски и премиерот на Албанија, Еди Рама, како и панел дискусии.

Ќе биде потпишан Договорот за соработка во областа на механизмите за обезбеденост со храна во Западен Балкан. Од областа на културата, ќе биде потпишан Меморандум за разбирање и соработка во областа на кинематографијата и аудиовизуелните дејности во Западен Балкан, како и Оперативен план во областа на цивилната заштита.

За сите три документи кои беа на вчерашната владина седница беа усвоени извештаи за завршени преговори и утврдени текст-документи кои ќе бидат финиширани за време на посетата на делегација на Владата на Република Северна Македонија во Белград.

На денешната прес-конференција портпаролите информираа, дека Владата на Република Северна Македонија е во постојана  комуникација и координација со надлежните институции  по вчерашното невреме и се прават максимални напори да се санираат штетите.

Во таа насока, беше речено на денешната прес-конференција,  надлежната институција односно Центарот за управување со кризи веќе информираше за првично утврдените штети од невремето.

Прочитајте повеќе

Студенти

Студентите што земаат стипендии може да ги продолжат до крајот на октомври

Аплицирањето се врши онлајн, на порталот „е-услуги“ на МОН. Рокот за продолжување на стипендиите, односно …