сдсм

СДСМ Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ измисли непостоечко вработување во Општина Прилеп

Реакција на Општинската организација на СДСМ – Прилеп, на денешниот прес на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски:

Нереформираната ВМРО-ДПМНЕ, партијата која сеуште е заглавена во криминалните раце на бегалецот Никола Груевски, продолжува да шири лаги и клевети.

Ноторна лага е дека командирот на Полициската станица од општа надлежност – Прилеп, Кире Спиркоски во Општина Прилеп ја вработил сестрата на својата сопруга.

Чудно е што партијата која во моментот има министер за внатрешни работи, не знае дека личноста која ја посочуваат дека наводно била вработена во Општина Прилеп, всушност, долги години е вработена и сеуште работи во МВР.

Доколку во законски превидениот рок, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски не се извини за јавно изнесените невистини и клевети, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Непотизмот и инсталирањето на кадри во државните и локалните институции, беше одлика на ВМРО-ДПМНЕ, за што постојат стотици примери, почнувајќи од Никола Груевски кој за прв човек на УБК си го постави братучедот Сашо Мијалков, а за министер за финансии кумот Ставревски, па се’ до актуелниот партиски лидер Христијан Мицкоски, кој бил избран за асистент кај неговиот татко на Машинскиот факултет.

На локално ниво, најдобар пример е екс градоначалникот Марјан Ристески, чија сопруга за време на неговиот мандат беше вработена на Економскиот факултет во Прилеп, неговиот прв братучед, Златко Ристески, именуван за директор на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, а неговиот кум Гоце Ингилизов, за директор на Заводот за здравствена заштита.

Груевистичката ВМРО-ДПМНЕ, партијата која е симбол за непотизам, криминал, корпуција и расипништво, нема да добие шанса за повторно инсталирање на режимот.

Прочитајте повеќе

Мицкоски

Што договараше Мицкоски „под радар“ на екскурзијата во Брисел?

Соопштение за јавност на СДСМ Што точно договараше Христијан Мицкоски во Брисел додека беше на …