Сдсм знаме

СДСМ: продолжуваме со солидарноста на дело – 283.000 граѓани деновиве добиваат финансиска помош од 6.000 денари

Соопштение за јавност на СДСМ:

СДСМ во време на кризата со коронавирусот не отстапува од своите заложби за солидарност, хуманост и меѓусебна поддршка и грижата за секој еден граѓанин, за секоја една компанија.

Институциите со одговорни навремени политики, преку четири пакети економски мерки им помогна на илјадници претпријатија да ги задржат своите бизниси, да ги задржат своите вработени.

Преку домашни платежни картички и ваучери за туризам, беа помогнати над 320.000 граѓани а веќе овие денови дополнителни 283.000 граѓани добиваат финансиска помош од 6.000 денари.

На здравствените работници кои со месеци се на првата линија на фронтот со невидливиот непријател, на 7.600 вработени во здравството кои работат со лица заболени од коронавирусот, ќе им биде исплатена награда во висина од 30.000 денари.

СДСМ во изминатите три и пол години со низа примери на дело ја покажа посветеноста за градење на фер, праведно и правично општество.

Владата предводена од СДСМ во два наврати ја зголеми минималната плата, од 9.000 на денешните 14.500, која сега е иста во сите индустриски гранки.

Исправена е неправдата кон стечајните работници, сега тие добиваат месечен надоместок од 8.000 денари до пензионирање. Лицата над 65 години кои не оствариле право на пензија, денес добиваат социјална државна пензија од 6.000 денари месечно.

Преку социјалната реформа, за 300 отсто ја зголемивме социјалната помош и го зголемивме опфатот на деца кои добиваат детски и образовен додаток.

Продолжуваме со грижата за граѓаните, за компаниите, за да биде уште подобро за сите.

Прочитајте повеќе

Царинска управа колаж медикаменти

Царинска управа: Спречен шверц на 1,7 тони медикаменти штетни по здравјето на граѓаните

Царински службеници на влез на Меѓународен Аеродром Скопје спречија шверц на 1,7 тони медикаменти, Силденафил …