СДСМ: Скопје нема нормален јавен превоз, ВМРО-ДПМНЕ го доведе градот во колапс

СДСМ: Скопје нема нормален јавен превоз, ВМРО-ДПМНЕ го доведе градот во колапс

Соопштение за јавност на СДСМ

Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ го доведе во колапс јавниот превоз и создаде хаос во функционирањето на Град Скопје,

За првпат во историјата, Скопје остана без јавен автобуски превоз и тоа поради неспособноста и неодговорноста на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека ЈСП тоне во долгови, договорот со едниот приватен превозник е прекинат, а вториот приватен превозник денеска нема да вози затоа што не му се исплатени долговите.

Додека јавниот сообраќај е во хаос, никаде ги нема новите автобуси што ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска ги ветуваа, ниту ја има фабриката за електрични автобуси што шпицниот градоначалник Мицкоски ја најавуваше.

Арсовска и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ во скопските општини се најнеуспешните градоначалници, немаат проекти, немаат решенија, знаат само да ги партизираат општините и парите на граѓаните да ги трошат на луксуз.

По Скопје 2014, ВМРО-ДПМНЕ му приреди нова катастрофа на главниот град, каде не функционираат ниту основните комунални услуги, а развој, проекти и инвестиции воопшто нема.

Прочитајте повеќе

СДСМ: ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и „Скопје 2014“

СДСМ: ДПМНЕ сака да не врати назад во времето на Хунзите и „Скопје 2014“

Соопштение за јавност на СДСМ Ништо не е променето во ДПМНЕ. На митинзите на ДПМНЕ …