СДСМ

СДСМ: Со ДПМНЕ е можно само враќање назад – во режим и изолација

Со ДПМНЕ е можно само враќање назад во режим и изолација.

ДПМНЕ за само два месеци на чело на МВР јасно покажа дека има намера со сила да владее,  доколку ја добие власта.

ДПМНЕ го врати ВМРО-МВРО и брутално го уапси новинарот Фуркан Салиу, во обид за замолчување и заплашување, откако објави афера директно поврзана со ДПМНЕ.

Деновиве беше нападната и новинарска екипа на ТВ24 на партиски митинг на ДПМНЕ.

Исто како во времето на режимот, ДПМНЕ напаѓаат и навредуваат новинари, монтираат анкети, јавниот сервис го користат како месен комитет на партијата, ја загрозуваат демократија, слободата на говорот.

Нападите на новинарите и злоупотребите на медиумите го покажуваат вистинското лице на Мицкоски и неговата партија.

ДПМНЕ, нема план, ни понуда за иднината, го блокира европскиот пат на државата.

Од друга страна СДСМ има јасна визија и план за европска иднина, план за завршување на преговорите и членство во ЕУ до 2030 година.

Граѓаните знаат дека гласот за СДСМ е глас за Европа, глас за слобода и демократија.

Прочитајте повеќе

Маѓар го повика Орбан да го повлече ветото за заемот од 90 милијарди евра за Украина пред да ја напушти функцијата

Маѓар го повика Орбан да го повлече ветото за заемот од 90 милијарди евра за Украина пред да ја напушти функцијата

Петер Маѓар, победникот на унгарските избори и новиот премиер на земјата, го повика Виктор Орбан …