СДСМ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против секој стратешки проект, намерно лаже за Договорот со Бехтел

Соопштение за јавност на СДСМ

Како и многу пати досега, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски е против реализација на стратешки проекти во државата.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ намерно шири невистини за изградбата на коридорите 8 и 10Д, најголемиот проект вреден 1.3 милијарди евра.

Од овие средства, над 600 милиони евра ќе завршат кај домашните градежни компании.

Тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека државата ќе плаќа пенали ако во Собранието не биде донесен пакетот закони поврзани со изградбата на коридорите се целосно неточни.

Како кај секој друг договор каде Инвеститорот и Изведувачот имаат свои права и обврски, Изведувачот може да работи во услови каде важат постоечките законски одредби, но сепак во тој случај рокот за изведба би бил подолг.

Лажно е и тврдењето дека со промената на законските решенија се нарушуват работничките права.

Станува збор за предложени измени во Законот за работни односи кои се однесуваат само на проекти од стратешки и национален интерес, односно се работи за решение со кое градежните работници кои работат на ваков тип на проекти ќе добиваат надоместок од 50% повеќе за секој час работа во недела и ќе добиваат надоместок за прекувремена работа за останатите прекувремени часови согласно Законот за работни односи.

И она што е најважно, сето тоа ќе се случува единствено со претходна обезбедена писмена согласност од самиот работник.

ВМРО-ДПМНЕ во времето на своето владеење, системски ги кршеше работничките права, а македонските граѓани ги сметаше и ги претставуваше како евтина работна сила.

Инвестициите во патните делници на Коридорот 8 и Коридорот 10 д се историски најголеми инвестиции во инфраструктурата, со што конечно ќе се заокружи децениски стратешки проект во интерес на граѓаните и државата.

Прочитајте повеќе

Петровска до опозицијата: Ќе излезете од НАТО и ќе прекинете преговори со ЕУ?

Петровска до опозицијата: Ќе излезете од НАТО и ќе прекинете преговори со ЕУ?

„Вечерва немам намера да ви држам говори полни со демагогии и лажни ветувања, а уште …