Се чувствувам како да ги бранам правата на сите Американци, рече Џулијани кој се предаде во Џорџија

Се чувствувам како да ги бранам правата на сите Американци, рече Џулијани кој се предаде во Џорџија

Поранешниот личен адвокат на Доналд Трамп, Рудолф Џулијани, вчера се предаде во затвор во округот Фултон во Џорџија за да се соочи со државни обвиненија кои произлегуваат од дејствијата за кои беше обвинет дека ги презел за да ја поништи загубата на поранешниот претседател на САД на изборите во 2020 година.

На Џулијани, поранешен федерален обвинител и градоначалник на Њујорк, му беше наложено да плати кауција од 150.000 долари и да не заплашува ниту еден од неговите 18 коообвинети или сведоци во случајот, според судските документи.

Седум други од обвинетите на Трамп во кривичниот случај што го покрена окружниот обвинител на округот Фултон Фани Вилис, веќе се предале во затвор во Атланта, според окружните записи.

Трамп, фаворит за републиканската номинација во 2024 година за да го предизвика демократскиот претседател Џо Бајден, продолжува лажно да тврди дека неговиот пораз е резултат на измама.

Говорејќи во Њујорк пред да лета за Атланта, Џулијани негираше дека сторил нешто лошо и го бранеше Трамп.

„Се чувствувам многу, многу добро поради тоа бидејќи се чувствувам како да ги бранам правата на сите Американци“, изјави Џулијани за новинарите.

„Јас ја кажувам вистината, тие лажат“.

Трамп треба да се предаде в четврток за да се соочи со своето четврто кривично обвинение оваа година.

Останатите 10 кообвинети наведени во обвинението во Џорџија имаат рок до петок да се предадат.

Извор: VOA

Прочитајте повеќе

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

Најмалку 19 загинати: Се урна автопат во Кина

По повеќедневни поројни дождови, планински автопат се урна во јужна Кина. Најмалку 19 лица загинаа …