Се димензионира и петтиот пакет антикризни мерки, продолжува грижата за граѓаните, за економијата

Се димензионира и петтиот пакет антикризни мерки, продолжува грижата за граѓаните, за економијата

Прес-конференција, Даниела Колева, пратеничка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани медиуми,

Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев остануваат силно посветени на справување со економските последици од коронакризата и рестарт на македонската економија.

Минатата година одвоивме 1,2 милијарди евра за помош на граѓаните и компаниите преку четири сета на економски мерки.

Стотици илјади работни места беа спасени и им се помогна на десетици илјади компании да ја надминат економската криза.

Речиси половина милион граѓани добија платежни картички, ваучери за туризам и финансиска поддршка за да ја стимулираме приватната потрошувачка и да ја зајакнеме куповната моќ на граѓаните.

Преку навремени, одговорни економски политики успеавме да ги ублажиме последиците од економско здравствената криза.

Грижата за граѓаните, за компаниите продолжува и во оваа година. Се димензионира и петтиот пакет економски мерки.

Веќе е донесена првата мерка а тоа е укинување на увозните давачки – царинските стапки, на одделни суровини и репроматеријали кои се употребуваат во преработувачката индустрија.

Оваа мерка стапува на сила на 1 февруари, а компаниите ќе бидат ослободени од царинските давачки во висина од 7,1 милион евра за 71 одделни суровини.

Во новиот пакет економски мерки се размислува за бришење на каматите за долгови кон државните и општинските претпријатија и институции, како и за помош на тутунарите и поддршка за хотелиерите погодени од кризата.

СДСМ како одговорна партија се грижи за секој граѓанин, за секоја компанија. Остануваме силно посвестени на реализација на мерки и политики што обезбедуваат рестарт на економијата и брз економски раст.

Грижата за сите продолжува.

Прочитајте повеќе

СДСМ: Обвинителство и ДКСК да кажат до каде се предметите за скандалот Христовски во АНБ

СДСМ: Обвинителство и ДКСК да кажат до каде се предметите за скандалот Христовски во АНБ

Прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ Почитувани, Додека гледаме како партиски инсталираниот Директор на …