Сдсм знаме

Седница на ИО на СДСМ: Митрески претседател на Собрание, Зечевиќ Шеф на изборниот штаб

Извршниот одбор на СДСМ синоќа го потврди предлогот на претседателот Ковачевски и кандидат за нов Претседател на Собранието го избра Јован Митревски, досегашен координатор на пратеничката група на СДСМ.

Како што велат од СДСМ, Митрески е долгогодишен пратеник на СДСМ со големо искуство, вреден, отворен, чесен и посветен на интересот на граѓаните и државата, докажан во целиот негов досегашен ангажман во македонското Собрание, кој ќе ја извршува функцијата на највисоко ниво и во интерес на граѓаните.

Извршниот одбор го на партијата задолжи генералниот секретар да спроведе подготовка на Роковник за постапката, начинот и критериумите за избор на кандидат за претседател за претседателските избори, согласно Статутот на партијата.

За Шеф на Централниот изборен штаб на СДСМ, Извршниот одбор го предложи генералниот секретар Миле Зечевиќ.

„СДСМ е подготвена и на изборите оди на двојна победа – на претседателските и парламентарните избори. СДСМ ќе го даде победничкиот кандидат за претседател и ќе ја формира идната проевропска Влада“, истакнуваат од „Бихаќка“.

Истовремено, од СДСМ информираат дека претседателот Ковачевски добил овластување за подготвителни разговори и консултации со парламентарните партии за техничка Влада која што е законска обврска, а сите овие одлуки ќе бидат потврдени на седница на Централниот одбор на партијата, кој ќе се одржи до крајот на овој месец.

Прочитајте повеќе

Русија не ја уништи армијата на Украина

Русија не ја уништи армијата на Украина

Не е точно дека Русите ја уништиле украинската армија, таа уште ја брани територијата на …