Влада

Седница на Влада, на дневниот ред повеќе прашања од интерес на граѓаните

Владата денеска ќе ја одржи редовната 64 седница, со повеќе точки на дневниот ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните.

На седницата, на предлог на Министерството за образование и наука ќе се разгледуваат Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за наставниците и стручните соработниците во основните и средните училишта и Предлог-законот за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование.

На предлог на Министерството за економија, на седницата ќе се најдат неколку точки на дневен ред, меѓу кои Предлог-законот за изменување на Законот за данокот на добивка и Предлог-законот за изменување на Законот за енергетска ефикасност.

Пред министрите, според дневниот ред на денешната седница ќе се најде и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за управната инспекција, по скратена постапка.

Прочитајте повеќе

Како политичарите ТРЕБА и НЕ ТРЕБА да комуницираат со новинарите во моменти на трагични настани

Како политичарите ТРЕБА и НЕ ТРЕБА да комуницираат со новинарите во моменти на трагични настани

Политичарите во моменти на трагични настани не треба да покажуваат ароганција и незаинтересираност. Не треба …