Сеќавање: 56 години од убиството на Мартин Лутер Кинг

Сеќавање: 56 години од убиството на Мартин Лутер Кинг

„…Имам еден сон, дека еден ден на црвените ридови на Џорџија синовите на поранешните робови и синовите на поранешните сопственици на робови, заедно ќе седнат на масата на братството.

Имам еден сон, дека еден ден дури и државата Мисисипи, држава која се мачи во жештината на неправедноста и угнетувањето, ќе се измени во оаза на праведноста.

Имам сон, дека моите четири деца еден ден ќе живеат во една нација, во која се оценува не според бојата на кожата, туку според карактерот. Имам еден сон…“

На денешен ден пред 56 години, во Мемфис, Тенеси, убиен е активистот за граѓански права и добитник на Нобеловата награда за мир, Мартин Лутер Кинг. Неговиот говор „I have a dream“, се смета за еден од најдобрите и најинспиративните во историјата на американското говорништво.

Меѓу другото, тој го има кажано и следното:

  • Темнината не може да ја истера нашата темнина: само светлината може да го направи тоа. Омразата не може да ја истера нашата омраза: само љубовта може да го направи тоа.
  • Ако не можеш да леташ тогаш трчај, ако не можеш да трчаш тогаш оди, ако не можеш да одиш тогаш ползи, но што и да правиш, само продолжи да се движиш напред.
  • Нашите животи завршуваат оној ден кога ќе останеме тивки за прашањата кои нѐ засегаат.
  • На крајот нема да се сеќаваме на зборовите на нашите непријатели, туку на молкот на нашите пријатели.
  • Оној што пасивно го прифаќа злото, тој во иста мера е вмешан во него како и оној кој го помага неговото спроведување. Оној кој го прифаќа злото без да му се спротивстави, всушност соработува со него.
  • Човекот кој не е подготвен да умре за нешто, не е подготвен за живот.

Прочитајте повеќе

Филипче Митинг со младите

Д-р Филипче до младите: Единствен начин за трајна трансформација на општеството е интеграцијата во ЕУ

Младите се движечката сила, покренуваат револуции и создаваат иновации и затоа нивните идеи се клучни …