Сергеј Самсоненко, жена му Ирина и Ратка Камчева на црната листа на САД

Сергеј Самсоненко, жена му Ирина и Ратка Камчева на црната листа на САД

САД впишаа уште три лица од земјава – Ратка Куноска Камчева, Сергеј Самсоненко и жена му Ирина Самсоненко на црната листа на САД. Од Канцеларијата за контрола на странски средства на американското Министерство за финансии го наведуваат случајот „Плацеви на Водно“ како причина за впишувањето на тројцата на црната листа на САД.

Американските власти наведуваат дека Сергеј и Ирина имаат двојно државјанство на Русија и на Северна Македонија. Помеѓу 2017 и 2018 година, двајцата купиле земјиште од Јордан Камчев. Таа на крајот го поттикнала Самсоненко да сведочи пред македонскиот суд за време на судскиот случај „Парцелите на Водно“, во кој Орце Камчев и неговата мајка Ратка Куноска Камчева биле обвинети за перење пари. Во 2021 година, Самсоненко извршил исплати на неговата сопруга Ирина.

Во иста временска рамка, Ирина префрлила пари на Камчев Консалтинг Скопје ДООЕЛ (Камчев Консалтинг) и Орка Фајнанс Скопје ДООЕЛ (Орка Фајнанас), при што двете компании се поврзани со Камчева. Исто така, во истиот временски рок, парите што им беа префрлени на Камчев Консалтинг и Орка Фајнанас биле искористени за плаќање на заем поврзан со Орка Холдинг АД, компанија поврзана со Јордан Камчев. Дополнително, Сергеј и Ирина Самсоненко ја купиле фирмата Систина Лајф Кеар Сентар Скопје ДООЕЛ, друг субјект вмешан во судскиот процес „Парцели на Водоно“, од Камчев и Камчева. Во образложението се наведува дека и спортската обложувалница Бет Сити Интернационал ДОО Скопје, половина е во сопственост на Самсоненко, а половина сопственост на Орка Холдинг, чиј директор Јордан Камчев.

Од Канцеларијата за контрола на странски средства на американското Министерство за финансии образложуваат дека со извршната наредба (E.O.) 14033 се означени не само трите лица, туку и компаниите Систина Лајф Кеар Центар, Орка Холдинг и Бет Сити.

Сергеј Самсоненко, Ирина Самсоненко и Ратка Куноска Камчева се именувани согласно Е.О. 14033 за материјално помагање, спонзорирање или обезбедување финансиска, материјална или технолошка поддршка на Јордан Камчев, кој веќе се наоѓа на црната листа на САД од јули 2023 година.

Правните ентитети, односно компаниите се впишани на црната листа и нивните имоти се блокирани во согласност со извршната наредба 14033. Со оваа наредба се означени и Орка Фајнанс и Камчев Консалтинг.

Во денешното соопштение на Канцеларијата за контрола на странски средста на американското Министерство за финансии се наведува дека на црната листа впишуваат осум поединци и шест правни ентитети од Западен Балкан, поврзани со извршната наредба поврзана со Западен Балкан (14033) и извршната наредба поврзана со Русија (14024). Во координирана акција со американскиот Стејт департментот, означени се се две физички лица и 12 ентитети во согласност со извршната наредба 14024.

„Русија продолжи да го користи своето влијание на Западен Балкан за да ја спречи интеграцијата на регионот во меѓународните институции и организации, како и да користи клучни јурисдикции за да ги олесни нејзините агресивни дестабилизирачки активности“, изјави потсекретарот на Министерството за финансии за тероризам и финансиско разузнавање Брајан Е. Нелсон.

„Денешната акција ги потврдува пошироките напори на Владата на САД за промовирање на мирот, стабилноста и функционалното демократско владеење во регионот на Западен Балкан“, додаде тој.

Меѓу другите личности и ентитети од останатите земји на Западен Балкан на листата се впишани и Саво Цвијетиновиќ, Петар Џокиќ и Душко Перовиќ од Босна и Херцеговина; Миодраг Давидовиќ и Бранислав Мицуновиќ од Црна Гора; Миша Вациќ од Србија, заедно со Ненад Поповиќ и холдинзи во Србија што се поврзани со руски капитал.

Американските власти соопштија дека целиот имот и интереси во имотот на назначените лица опишани погоре што се во САД или во сопственост или контрола на лица од САД се блокирани и мора да се пријават на Канцеларијата за контрола на странски средства на американското Министерство за финансии.

Дополнително, блокирани се и сите субјекти кои се во сопственост, директно или индиректно, поединечно или збирно, 50 проценти или повеќе од едно или повеќе блокирани лица. Сите трансакции на лица од САД во, или кои транзитираат во САД, кои вклучуваат каков било имот или интереси во сопственост на назначени или на друг начин блокирани лица се забранети освен, ако не се овластени со општа или специфична лиценца издадена од оваа Канцеларија.

Забраните вклучуваат давање каков било придонес или обезбедување на средства, стоки или услуги од, до или во корист на кое било блокирано лице, или примање каков било придонес или обезбедување на средства, стоки или услуги од кое било такво лице. Дополнително, финансиските институции и други лица кои се впуштаат во одредени трансакции или активности со санкционираните лица, може да се изложат на санкции или да бидат предмет на извршно дејствие.

Прочитајте повеќе

Со ваква младина, секоја држава се плаши за својата иднина

Со ваква младина, секоја држава се плаши за својата иднина

Пишува: Сотир Габелоски Се’ оди надолу за младите ширум Европа: благосостојба, среќа, права… Затоа десницата …