Шахпаска: Усвоен Законот за заштита од дискриминација, остануваме посветени на градење едно општество

Шахпаска: Усвоен Законот за заштита од дискриминација, остануваме посветени на градење едно општество

 Прес конференција на Јагода Шахпаска, пратеничка од СДСМ и коалицијата:

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ е одлучно во намерата да изгради општество на рамноправни граѓани.

На вчерашната собраниска седница е усвоен Законот за спречување и заштита од дискриминација.

Направен е значаен чекор напред, кој не приближува кон европското семејство.

Одлучно велиме НЕ на сите форми на дискриминација.

Цврсто сме посветени на градењето едно општество за сите, без подлеби, без дискирминација, еднакво општество на еднакви граѓани со еднакви можности.

Во Македонија за прв пат како основи за дискриминација се воведуваат сексуалната ориентација и родовиот идентитет.

Се додава и нов облик на дискриминација со кој треба да се справуваме а тоа е сегрегацијата.

Проширени се надлежностите на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во насока на превенција.

Македонија конечно ќе добие професионална Комисија за спречување и заштита од дискриминација, ослободена од политички и партиски влијанија.

Почитувани,

Законот за спречување и заштита од дискриминација е заеднички проект на владејачкото мнозинство и невладиниот сектор.

Продолжуваме заедно со граѓаните, со институциите да градиме систем кој ќе заштитува од секаков вид дискриминација.

Прочитајте повеќе

Филипче со Бочварски по новата делница од Градско кон Прилеп

Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп, работите се завршени околу 90% (ВИДЕО)

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ …