Шекеринска: Докажавме дека либерализацијата на пазарот со електрична енергија нема да ја зголеми цената на струјата

Шекеринска: Докажавме дека либерализацијата на пазарот со електрична енергија нема да ја зголеми цената на струјата

За време на вчерашната посета на РЕК Битола, заменик претседателката на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска изјави дека и покрај одредени најави дека со либерализацијата на пазарот на електрична енергија ќе се зголеми и цената на струјата, Владата докажала дека со домаќинско работење се постигнала тројна цел – задржување на цената, зголемување на производството на електрична енергија за сметка на поранешниот увоз и воведување на евтината тарифа на струјата:

„Изминатава година многумина создаваа паника кај нашата јавност дека либерализацијата на пазарот со електрична енергија ќе значи зголемување на цената на струјата којашто ја плаќаат граѓаните и индустријата. Тврдевме дека тоа не е точно и со последните одлуки и на Владата и на Регулаторната комисија се покажа дека со домаќинско работење можно е да постигнете тројна цел: задржување на цената на електричната енергија, зголемување на производството на електрична енергија за сметка на поранешниот увоз и воведување на евтината тарифа на струјата. Притоа, сите овие три работи беа возможни само ако домаќински и професионално се работеше во електраните, а особено во клучната електрана којашто го носи целото производството во нашата држава, а тоа е РЕК Битола. Еден дел од парите коишто останаа, сега можеме да ги инвестираме во еколошки проекти. Оваа година веќе, РЕК Битола покажа дека зборот важи. Започната е постапката за реконструкција на електростатските филтри на комбинатот. Овој е рецептот што го користиме како Влада и овој е рецептот кој го бараме од менаџмент тимовите низ цела држава. Ние и понатаму ќе продолжиме  да даваме поддршка на ваквите политики. Тие се добри за комбинатот, добри се за електраните, меѓутоа пред се и над се, се добри за граѓаните на оваа држава, рече ЗПВРСМ”, Радмила Шекеринска.

За постапката за избор на изведувач за реконструкција на електростатските филтри, директорот на РЕК Битола, Васко Ковачевски рече:

„Заврши првата фаза од јавната набавка за реконструкција на електростатските филтри на која се пријавија девет компании. Од нив, седум продолжуваат во следната фаза. Сакаме да потенцираме дека се работи за сложен проект во секоја смисла, финансиски тежок над 20 милиони евра, во чија реализација не сакаме да ги направиме грешките од минатото, како при модернизацијата на котлите, на пример. Но, за нас, зборот важи и наскоро ќе го добиеме и изведувачот на работите за реконструкција на електростатските филтри. Тоа е најголемиот еколошки проект во РЕК Битола, со огромно значење за Битола, Новаци, Могила и останатите населени места” .

Прочитајте повеќе

Таткото на Вања Ѓорчевска

Таткото на Вања Ѓорчевска оди во домашен притвор

Ми одзедоа сè. Не сум веќе ни родител ни татко, ехо од човек остана од …