Шест загинaти во вооружен масакр во Плимут

Шест загинaти во вооружен масакр во Плимут

Причините за злосторството во англискиот крајбрежен град Плимут сѐ уште не се разјаснети. Полицијата отфрли можна терористичка заднина.

На местото на злосторството, откриени се телата на две машки и две женски лица, соопшти полицијата рано изутрината. Уште едно женско лице починало од повредите во болница. Најверојатно осомничениот е шестиот мртов човек. Сите жртви се здобиле со смртоносни рани од огнено оружје. Последните извештаи од Плимут велат дека меѓу убиените е и дете помладо од 10 години.

Полицијата објави во соопштение на Твитер дека неколку други повредени лица се на лекување во болница по пукањето.  Поширока област околу местото на злосторството е блокирана од страна на полицијата.

Дали жртвите и сторителот се познавале?

Полицијата зборува за „сериозен инцидент со огнено оружје“. Таа отфрли можна терористичка заднина. Каква била врската меѓу осомничениот сторител и жртвите засега не е познато.

Очевидец за британскиот јавен сервис Би-Би-Си изјави дека се слушнале врисоци и повеќе истрели. Сторителот со удари со клоци ја отворили  вратата на една куќа и отворил оган. Потоа избегал и пукал во луѓето на улица. Друг сведок го опиша сторителот како „момче облечено во црно со пушка“.

Großbritannien I Vorfall mit Schüssen in Plymouth

Британската министерка за внатрешни работи, Прити Пател, го опиша злостоството како „шокантно“. Таа ги повика жителите да останат смирени и да ги следат упатствата на полицијата. Шефот на опозициската Лабуристичка партија, Кир Стармер, зборуваше за „трагедија“. Локалните пратеници ги повикаа жителите да не споделуваат фотографии или шпекулации на социјалните медиуми.

Обединетото Кралство има една од најниските стапки на убиства со огнено оружје во светот, а масовните убиства со огнено оружје се ретки. Ова беше прв вооружен масакр во земјата по 11 години.

Извор: DW

Прочитајте повеќе

Хакерски сајбер напад

Двојно зголемени сајбер нападите од Русија и од Кина во Германија

Осумдесет отсто од компаниите биле цел на напади кои вклучувале кражба на податоци, шпионажа или …