Синдикатите се закануваат со штрајк, ако не се усвои минимална плата од 18.000 денари

Синдикатите се закануваат со штрајк, ако не се усвои минимална плата од 18.000 денари

Сојузот на синдикатите на Македонија денеска побара Владата да го поддржи предлогот за минималната плата од 18.000 денари и да го стави на гласање на Економско социјалниот совет. Синдикатите најавија дека доколку не се усвои ова решение, ќе организираат штрајк и блокади на фабрики, економски зони и патишта. Одлука за висината на минималната плата се уште не е донесена, откако на последната средба во Владата не беше постигнат договор меѓу барањето на синдикатитеи предлогот на работодавачите да се субвенционира зголемувањето на минималната плата.

„ССМ во четврток ќе излезе пред Собранието, доколку и понатаму нема решение за минимална плата од 18.000 денари и скалесто зголемување на останатите плати, почнуваме со штрајк – блокади на фабрики, слободни економски зони, институции, патишта и итн. Виновни што немаме минимална плата од 18.000 денари се работодавачите. На Владата и порачуваме одлучно да застане на страната на работниците и да го стави предлогот на ССМ на гласање на ЕСС и истиот да го поддржи“, се вели во соопштението на ССМ.

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на социјалните медиуми напиша дека Владата е на страната на работниците и дека покачувањето на минималната плата ќе биде исполнето.

„Отворениот социјален дијалог со сите засегнати страни е она кое ќе не одведе до најсоодветното решение кое е во интерес на работниците. Очекувам уште утре да имаме решение за покачување на минималната плата. Како што ветив, ефикасно ќе ги решаваме сите прашања во интерес на граѓаните и ќе ги исполнуваме ветувањата. Тоа е принципот и духот во кој ќе се решаваат сите прашања кои целат кон подигање на животниот стандард на граѓаните“, пишува Ковачевски.

Прочитајте повеќе

Народна банка

Народна банка обезбеди стабилност на денарот, инфлациските движења и банкарскиот сектор

Народната банка води соодветни политики, кои придонесоа за стабилизација на инфлацијата, курсот на денарот и …