Сите олимписки објекти на игрите во Пекинг се напојуваат со енергија од обновливи извори

Сите олимписки објекти, во кои се одржуваат натпреварите на Олимписките игри во Пекинг, за прв пат во историјата на зимските и на летните игри, ќе се напојуваат од обновливи извори на енергија. Пекинг, во текот на подготовките на Игрите, промовираше визија „зелени, инклузивни, отворени и чисти“ игри, и најави дека ги интегрира принципите на одржливост во сите фази од подготовките за Игрите.

Организаторите на Пекинг 2022 се обврзаа да имплементираат мерки за намалување на емисиите на јаглерод, вклучително и ниско- јаглеродни објекти и транспортни решенија. Според проценетите вкупни емисии, пресметани во јуни минатата година, објавени во Извештајот за одржливост пред игрите, зимската Олипмпијада ќе произведе 1,306 милиони тони јаглерод диоксид. Најголем придонес во овие бројки имаат изградбите на терените, транспортот и гледачите. Вистинските емисии, се очекува да бидат пресметани по Игрите.

Во насока на намалување на импактот врз климата, Пекинг за прв пат  користи нова технологија за ладење лизгалиштата на четири локации со употреба на системи за ладење со природен јаглероден диоксид. Оваа технологија може да постигне заштеда на енергија од повеќе од 20 отсто во споредба со традиционалните методи на ладење. Покрај тоа, сите патнички возила и 85 отсто од сите возила на Олимписките игри се еколошки возила. На Игрите, во насока на избор на одржливи решенија, Пекинг, како единствен град во историјата што бил домаќин и на летни и на зимски игри, целосно ќе ги користи капацитетите од игрите во 2008 година.

Пет од седумте места во натпреварувачката зона, како националниот стадион „Птичјо гнездо“ кој ќе биде домаќин на церемонијата на отворање и затворање, или објектот „Водена коцка“ што беше локација за пливачки спортови, а сега е домаќин на натпреварите во карлинг, ќе бидат повторно искористени. Сите нови и реновирани места за оваа олимпијада се сертифицирани со националните стандарди за одржлива градба со мерките за заштеда на енергија, вода и на материјали. Во текот на Олимписките игри Пекинг воведува и посебни мерки за заштитата на живиот свет, особено на дивите животни со изградба на коридори и на растенијата со пресадување на други локации или заштита.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Дарја Ризова доби награда за најдобра актерка на меѓународен фестивал во БиХ

Македонската театарска актерка Дарја Ризова ја доби наградата за најдобра актерка од публиката на деветтото …