Случај „Онкологија“ на собраниската Анкетна комисија

Случај „Онкологија“ на собраниската Анкетна комисија

Денеска во Собранието ќе биде одржана првата седница на Анкетната комисија формирана за скандалот со онкологија. Со Комисијата преседава пратеничката Рашела Мизрахи од опозиционата ВМРО ДПМНЕ

Се очекува во собраниска сала за време на процесот да се појават сите сегашни и поранешни министри за здравство и директори на Онкологија во периодот од 2020 година до сега.

Мизрахи најави дека нејзина главна цел е да се дојде до вистината во случајот, и доколку се испостави дека сомневањата се основани ќе бара и политичка одговорност.

Денеска треба да биде познато и кои од функционерите први ќе седнат пред пратениците.

Анкетната Комсиија има мандат за утврдување на хронологија на настаните на клиниката, но и најважно, дали се загрозени основните човекови права на пациентите.

Одлуката за нејзино формирање беше донесена на 20-ти месецов, по наводите во јавноста за злоупотреба на лекови на Клиниката за онкологија. За овој случај на почетокот на месецов Јавното обвинителство отвори предистражна постапка.

На почетокот на септември беше извршен претрес на Клиниката за онкологија и во два приватни стана од каде беа одземени компјутери и документација по наводите во новинарски текстови за злоупотреба на лекови наменети за пациенти болни од рак.

Прочитајте повеќе

земјотрес

Во Берово и Пехчево почуствуван земјотрес со јачина од 3,2 степени

Според досегашните податоци, земјотресот е почувствуван од жителите овие подрачја, а интензитетот се движи од …