Досега речиси 200 луѓе се повредени во налетот на тајфунот Коину над јужните делови на островската држава Тајван. Повеќе од 200 илјади домажинства останаа без струја а работните места и училиштата останаа затворени, а луѓето останаа дома. Јавниот живот на многу места е парализиран а училиштата и работните места останаа затворени.
Коину е втор тајфун што го погоди Тајван годинава. Тајфунот од четврта категорија е проследен со екстремно силни ветришта и поројни дождови.
На островот Лан Ју, познат и како Остров на орхидеите, на југоисток на земјата, метеоролошка станица регистрирала налети на ветер со рекордна брзина од 342, 7 километри на час, изјави метеорологот Ву Ван-Хуа на прес-конференција. Претходниот максимум таму, во 1989 година, изнесуваше нешто повеќе од 320 километри на час.
Незапомнетиот ветер предизвикува бранови кои достигнуваат висина од седум метри. Коину, што на јапонски значи „кученце“, предизвика и лизгање на земјиштето на тајванскиот полуостров Хенгчун. Најмногу дожд падна во ретко населените планински области во округот Пингтунг на југ и окрузите Таитунг и Хуалиен на источниот брег, но тајфунот го погоди и големиот јужен пристанишен град Каосиунг.