Пожарот во Осиек под контрола, можно е прогласување на еко-катастрофа

Пожарот во Осиек под контрола, можно е прогласување на еко-катастрофа

Големиот пожар во Бријесто, предградие на градот Осиек во Хрватска, е ставен под контрола. Пожарот избувна во вторникот вечерта во компанијата „Драва интернешнл“ откако се запали пластика складирана на отворено на неколку илјади метри квадратни.

Гаснењето било напорно, а покрај речиси 200 хрватски пожарникари со 82 возила, на терен имало и бројни противпожарни екипи од Славонија, јавува Хрватската радио телевизија.

Во акцијата за гаснење на пожарот повредени се тројца пожарникари, од кои еден потешко.

„Ширењето на пожарот повеќе не е загрозено, а од хрватската влада ќе биде побарано да прогласи состојба на еколошка катастрофа поради овој настан, изјавија во четвртокот началниците на округот и градската управа на Осиек“, Иван Анушиќ и Иван Радиќ.

Заменик-градоначалникот на Осиек и началник на штабот на Цивилната заштита Драган Вулин, изјави дека кога станува збор за квалитетот на воздухот и водата во Осиек, според податоците од претходниот ден, нема зголемување на вредноста на ниту еден вид честички.

„Мерењата покажуваат дека нема зголемени концентрации на честички, што можеби на почетокот изгледа чудно, но цело време дуваше релативно силен ветер кон југ, а целиот чад и честички беа пренесени јужно од Осиек. Самиот град не беше загрозен“, рече Вулин и ги потсети граѓаните да внимаваат и да не остануваат на отворено.

Извор: РСЕ

Прочитајте повеќе

ДКСК ќе бара одговорност за случајот со Академијата на судии и обвинители

ДКСК ќе бара одговорност за случајот со Академијата на судии и обвинители

Одлуката на Вишиот управен суд која во неколку наврати заврши во корист на ДКСК не …