Слупчане и Оризари сè уште се без струја, од ЕСМ бараат да им се гарантира безбедноста

Слупчане и Оризари сè уште се без струја, од ЕСМ бараат да им се гарантира безбедноста

Вчера жителите на Слупчане го блокираа патот во селото и не им дозволија на екипите на ЕВН да работат на мрежата. Жителите на ова село бараат да им се простат досегашни долгови кои, како што наведуваат од компанијата, изнесуваат по неколку илјади евра

„Ги повикуваме сите надлежни институции да постапат согласно нивните надлежности и да се реши проблемот со снабдување со електрична енергија во Слупчане и околните села и да се овозможи работа на екипите на ЕВН Македонија“, апелираат од Министерството за економија.

Инаку, селата Слупчане и Оризари во општина Липково сè уште се без напојување со електрична енергија, соопштија денеска од ЕВН.

Од компанијата велат дека се додека не се создадат нормални услови за работа и се загарантира сигурноста на вработените на Електродистрибуција, нема да работат на санација на дефекти или да извршуваат редовни работни активности во овие села.

Инаку, вчера жителите на Слупчане го блокираа патот во селото и не им дозволија на екипите на ЕВН да работат на мрежата.

Жителите на ова село бараат да им се простат досегашни долгови кои, како што наведуваат од компанијата, изнесуваат по неколку илјади евра, да добијат бесплатни нови приклучоци, без разлика колку ќе потрошат во иднина да не им се фактурира повеќе од 3.000 денари, а верските објекти да бидат ослободени од плаќање и слични други барања, кои додаваат од ЕВН, се спротивни на законските регулативи. Според податоците на компанијата загубите во Слупчане се 80 проценти а наплатата е 20 отсто.

„Секој граѓанин кој се снабдува со електрична енергија во државата има обврска да плати за електрична енергија толку колку што потрошил. Министерството за економија согласно надлежностите кои произлегуваат од Законот за енергетика, креира клима со цел да се намалат загубите во пренос и дистрибуција на електрична енергија како и неовластено користење на електрична енергија.
Затоа повикуваме дека секој граѓанин треба да плати за тоа што го потрошил бидејќи така функционира пазарната економија“, велат од Министерството за економија.

Прочитајте повеќе

UltiMATH финале

UltiMATH финалето започна: 350 најдобри средношколци се натпреваруваат за награда од 10.000 евра

Денес започна првиот ден од финалето на UltiMATH, најголемиот натпревар по математика за средношколци во …