Со 66 гласа „за“, пратениците го усвоија законот за прогласување на Шар Планина за национален парк

Со 66 гласа „за“, пратениците го усвоија законот за прогласување на Шар Планина за национален парк

Собранието на РСМ денеска го усвои Законот за прогласување на дел од Шар Планина за национален парк. Со ова, Шара станува четвртиот национален парк во земјава, но и првиот прогласен по осамостојувањето. Последното прогласување на национален парк во земјава било во далечната 1958 година.

По гласањето на пратениците, се огласи министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, кој напомена дека со овој чекор отвораме нова страница и можности не само за заштита на нашето природно наследство, туку и за одржлив социо-економски развој и за воспоставување на поширока прекугранична соработка и користење на нови финансиски можности за развој на брендови и разни форми на туризмот.

„Со прогласувањето на Шар Планина за заштитено подрачје се стави под заштита и се овозможи воспоставување на систем за одржливо управување на подрачје кое е ризница на биодиверзитетот, дом на две третини од сите растителните видови во Северна Македонија и богат и ендемичен растителен и животински свет. Располага со исклучителни природни убавини, геодиверзитет, хидролошки карактеристики, пејсажни, пределни и културни вредности“, изјави министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Подготовките за изработка на нацрт-законот за прогласување на Шар Планина за национален парк започнаа на почетокот од септември 2020 година, откако Владата на 5 мај 2020 година донесе одлука за прифатливост на предлогот на МЖСПП за прогласување на Шар Планина за национален парк и го задолжи министерството да спроведе јавна расправа и да подготви предлог-закон.

Извор:МЕТА

Прочитајте повеќе

Љупчо Палевски – Палчо со авион екстрадиран во Македонија

Љупчо Палевски – Палчо со авион екстрадиран во Македонија