Со донесената одлука, Уставниот суд ја поткопува солидарноста во земјата и штети на обезбедувањето средства за справување со КОВИД-19

Со донесената одлука, Уставниот суд ја поткопува солидарноста во земјата и штети на обезбедувањето средства за справување со КОВИД-19

Соопштение од Владата на Република Северна Македонија:

Владата на Република Северна Македонија смета дека поведената постапка на Уставниот суд за поништување на Уредбата за намалување на платите на  2.060 функционери, пратеници, судии, обвинители и директори на минимална плата од 14.500 денари за април и мај, директно штети на солидарноста во нашата земја.

Со оваа одлука, Уставниот суд директно спречува обезбедување околу 240 милиони денари во Буџетот на РСМ за мерки за справување со КОВИД-19.

Владата изразува разочарување од ваквата скандалозна одлука која ја загрозува борбата со коронавирусот.

Прочитајте повеќе

Филипче со Бочварски по новата делница од Градско кон Прилеп

Филипче и Бочварски возеа по новата делница од Градско кон Прилеп, работите се завршени околу 90% (ВИДЕО)

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и носителот на изборната единица 4 на СДСМ …