насилни протести Мицкоски крваво сценарио

Со насилни протести Мицкоски и проруската инсталација Апасиев работат против ЕУ

Соопштение за јавност

Христијан Мицкоски заедно со неговиот партнер, проруската инсталација Димитар Апасиев со насилни протести и крвави сценарија работат против интеграцијата во ЕУ.

Минатата недела јавноста виде како членови на ВМРО-ДПМНЕ и Левица каменуваа полицајци, фрлаа молотив коктели, ширеа омраза преку обиди за крвави сценарија и оштетуваа објекти на државни институции.

Јавноста се уште очекува одговори и за улогата на политичкиот дезертер од Армијата, Драган Ковачки со овие настани?

Дали токму Ковачки коорднирал група на поранешни припадници на Армијата во ова крваво сценарио?

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и нивниот проруски коалициски партнер Левица прават се за да ја нарушат стабилноста на државата но СДСМ, заедно со институциите, со граѓаните, тоа нема да им го дозволи.

Одговорност за насилството и за режираните крвави сценарија мора да понесат сите инволвирани.

Прочитајте повеќе

СДСМ: Попречување на акција против дрога, скандалот на обезбедувањето на Мицкоски отвора дилеми за улогата на МВРО-ВМРО

Соопштение за јавност на СДСМ Скандалот со шефот на обезбедувањето на Мицкоски отвора дилеми за …