Сојуз на борци Прилеп: Наместо со државното знаме, Денот на независноста Општина Прилеп го одбележа со знамето од Кутлеш

Сојуз на борци Прилеп: Наместо со државното знаме, Денот на независноста Општина Прилеп го одбележа со знамето од Кутлеш

Реакција на членови на Општинската организација на Сојузот на борците и граѓаните продолжувачи Прилеп

Како и секоја година, така и оваа 2023, во рамки на чествувањето на 32 години од прогласувањето на независноста на државата, делегација на Сојузот на борците-Прилеп, во рамките на Календарот за одбележување на настани и личности од нашата поблиска и подалечна историја, а во организација на Единицата на локалната самоуправа-Општина Прилеп, заедно со други организации и здруженија, положи цвеќе на  споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто, како и на Могилата на непобедените.

Несвојствено за овој голем празник, а уште повеќе несвојствено за Градот Херој-Прилеп, самиот град и Спомен обележјата не беа ни пристојно украсени. Отсуствуваше дури и државното знаме, немаше протоколарна служба за минимум одржување на редот, што зборува дека организаторот на ова чествување, несериозно се однесува спрема настани и личности од нашата поблиска и подалечна историја, а најмногу спрема државниот празник 8 Септември-Денот на независноста на Република Северна Македонија.

Не би рекле дека тоа е случајно, бидејќи и на двете локации од чествувањето се појави лице познато на јавноста од редовните јавувања на радио и ТВ емисии, со развеано знаме од Кутлеш, слободно се шеташе помеѓу присутните, викајќи, пеејќи, без да за тоа биде спречен од организаторот.

На ова, член на делегацијата од Сојузот на борците реагираше до градоначалникот Борче Јовчески како организатор на одбележувањето, но не се превзеде ништо.

Покрај тоа, кога и на двете локации традиоционално се правеше заедничка фотографија, на тоа лице му беше дозволено да застане меѓу сите и да го развее знамето од Кутлеш, за што сведочат бројните објавени фотографии.

Голем број граѓани на Прилеп но и пошироко, реагираа и јавно го искажаа своето незадоволство од недостоинствениот начин на кој Општина Прилеп го одбележа овој значаен државен празник.

Покрај нашата реакција на самото место, членови од Општинската организација на Сојузот на борците и граѓаните продолжувачи-Прилеп, на овој начин се оградуваат од настанот и воопшто од ваквата организација на одбележување на настани и личности од нашата поблиска и подалечна историја.

Прочитајте повеќе

Одложено судењето на Трамп за тајните документи

Одложено судењето на Трамп за тајните документи

Додека за Трамп на судењето во случајот со порно ѕвездата Сторми Даниелс станува сѐ понепријатно, …