Сојузот на средношколци од Собранието бара привремена законска измена за државната матура

Сојузот на средношколци од Собранието бара привремена законска измена за државната матура

Денеска е последен ден од бојкотот на средношколците, а викендов тие ќе одлучуваат кои ќе бидат нивните идни чекори во врска со наставата, велат од Сојузот на средношколци. Како што потенцираат оттаму, до Собранието е доставено и барање до пратениците да одржат јавна дебата за нивните барања на државната матура да се полагаат два наместо четири предмети, од кои едниот задолжителен мајчин јазик и еден изборен предмет во зависност од интересите за понатамошно образование.

„Како директни претставници на граѓаните и пред сè, контролори на извршната власт, од Вас бараме изготвување и донесување на законско решение, односно дополнување на Законот за средно образование каде што јасно ќе биде наведено дека одредбите се привремени т.е се однесуваат само за учебната 2020/2021 година“, стои во нивното барање доставено до Собранието.

Од Министерството за образование и наука неколку пати ја потенцираа законската обврска да се организира матурата за оние ученици кои планираат да го продолжат образованието, бидејќи таа е услов за запишување на факултетите во државава и во странство.

„Нема причини за промена на матурата затоа што над 14 илијади матуранти, приближно колку што има во државата, уредно ги имаат пријавено матурските испити кои ќе се одржат според концепцијата утврдена уште на почетокот на оваа учебна година“ велат од МОН.

Претходно, министерката за образование и наука, Мила Царовска најави дека за нов модел на матура ќе се разговара од идната учебна година.

Извор: МЕТА

Прочитајте повеќе

Летово ќе биде пеколно, климатските промени си го наплатуваат данокот

Летово ќе биде пеколно, климатските промени си го наплатуваат данокот

Едни од најчестите индикатори на климатските промени се надминувањата на екстремните температурни вредности, а УХМР …