Лажна вест е дека Владата купила пет џипови Мерцедес Г класа

Лажна вест е дека Владата купила пет џипови Мерцедес Г класа

Изутринава портпаролот на Владата на својот Твитер профил соопшти дека лажна вест е споделуваната информација на социјалните мрежи дека Владата го обновила возниот парк со пет џипови Мерцедес Г класа.

„Владата никогаш не објавила, ниту склучила договор за ваква јавна набавка. Податокот е лесно проверлив на веб страната на Бирото за јавни набавки. Станува збор за целосна фотомонтажа“ напиша портпаролот.

Инаку информацијата е споделена на Фејсбук страницата „Приказни од булеварот“ и во моментов има над 60 коментари и 15 споделувања.

Прочитајте повеќе

Температура Топломет

За само една недела бројот на грипозни пораснал за 67,9 отсто

Трансмисијата на бактерии и вируси е лесна, брза и едноставна во затворени простории, а периодов …