Сончево време со засилен северен ветер

Сончево време со засилен северен ветер

Денеска ќе преовладува сончево време, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец а максималната дневна температура ќе достигне 19 степени Целзиусови.

За време на викендот и во почетокот на следната седмица во попладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневната температура до недела ќе биде во пораст.

Прочитајте повеќе

артан груби притвор

Истекува куќниот притвор за Артан Груби: Правдата пред нов тест за неказнивост

Наближувањето на рокот за истекување на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер и висок …