Спасовски од Прилеп: Тутунопроизводителите утре ќе ги добијат субвенциите за тутун, на 20 мај започнува изградбата на автопатот Прилеп-Битола

Спасовски од Прилеп: Тутунопроизводителите утре ќе ги добијат субвенциите за тутун, на 20 мај започнува изградбата на автопатот Прилеп-Битола

9Караванот на СДСМ „Рамо до рамо до победа“ денеска беше во Прилеп, меѓу жителите на УЗ „Вишне“. Покрај членовите на најтесното раководство на ОО на СДСМ Прилеп, на средбата присуствуваа и Оливер Спасовски и членката на ИО на СДСМ, Мелиса Ценовска Серафимовска.

„Заради големиот број инфраструктурни проекти кои ги реализиравме, заради почетокот на изградбата на автопатот Прилеп-Битола, заради утрешната целосна исплатата на субвенциите за тутун за сите тутунопроизводители во државата, заради сето она коешто досега го сработивме, од Прилеп ја испраќаме пораката дека заедно со граѓаните, СДСМ ќе победи и на претседателските и на парламентарните избори кои ќе се одржат следната година“, истакна во своето обраќање Оливер Спасовски.

Спасовски се задржа и на работата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и рече дека според последните испитувања на јавното мислење, дури 86 отсто од граѓаните во Македонија не се задоволни со нивната работа и не го поддржуваат начинот на кој ја практикуваат локалната власт.

Мелиса Ценовска Серафимовска потенцираше дека во рамките на караванот „Рамо до рамо до победа“ ќе бидат одржани 946 средби со граѓаните од урбаните и руралните средини, на кои СДСМ ќе потсети на огромниот број реализирани проекти, но и на оние чија реализација ќе се случи во текот на оваа година.

Претседателот на ОО на СДСМ Прилеп, Зоран Пачешкоски напомена дека е неспоредливо она што во Прилеп го сработи претходната локална власт предводена од СДСМ, во однос на сегашната неспособност и неработење на градоначалникот Борче Јовчески и ВМРО-ДПМНЕ.

Во текот на денешниот ден, караванот „Рамо до рамо до победа“ оствари посета и на населеното место Тополчани.

Прочитајте повеќе

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Од ОБСЕ/ОДИХР велат дека гласачите имале простор за избор, но реториката станала многу негативна како …