Денеска со почеток во 20.00 часот, во киното Мис Стон ќе биде изведен мултимедијалниот концертен перформанс „Сонувања за заборавеното“.
Перформансот е базиран врз комбинација на повеќе музички стилови, во кои доминира изведба на класична “западна“ музика од 17 и 18 век, кон која како еден можен контрапункт ќе бидат вклучени нејзините источни “паралели“, потипични за поднебјето кое не’ oпкружува. Тука спаѓаат традиционалните стилови на пеење: изворно и византиско пеење. Целата слика ќе биде надополнта и збогатена со визуелен перформанс.
Учесници во концертниот перформанс се:
Aна Митоска Стојаноска – сопран
Верица Шотаровска – пијано
Катерина Попоска – мецосопран
Бојана Артиновска – Трпческа – визуелен перформанс
Гоце Секулоски – труба, вокал (изворни и византиски напеви)
Денис Најдоски – пијано, вокал (исон – изворни и византиски напеви)
Димитар Ѓорѓиевски – режисер
Милан Секулоски – наратор, актер
Томе Темелкоски, Саша Нацевски – техничка и визуелна реализација
Перформансот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, во рамки на манифестацијата „Нов културен бран“ 2018 година.