Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

ИЗМЕНЕТ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Виадукт трејд известува дека на ден 16.09.2020 година (денес) ќе се започне со изведување на грaдежни активности, санирање на свлечиште на Регионален пат Р1202, делница Жировница – Бошков Мост кај с. Скудриње , каде што едната сообраќајна лента ќе биде затворена, регулирањето на сообраќајот ќе се одвива со светлосна сообраќајна сигнализација (семафори). Во период од 10:00 до 14:00 часот ќе се изврши комплетно затворање на сообраќај за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај во временски период од 45 дена.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Прочитајте повеќе

Кратење на 130 институции и отпуштања во администрацијата?

Кратење на 130 институции и отпуштања во администрацијата?

Владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да укине над 130 државни институции за да го исполни …